6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГрупацијата VW има рецепт за кризата

Групацијата VW има рецепт за кризата

vw

Иако има проблеми со продажбата во Европа, групацијата „Volkswagen“ глобално бележи рекордна испорака. Благодарејќи на одличните резултати на останатите светски пазари, бројот на продадени автомобили во првите девет месеци од 2013-та година надмина седум милиони.

Тоа досега е најдобар резултат кој оваа групација го има постигнато во првите три квартали во една календарска година. Ако трендот на продажбата продолжи вака до крајот на 2013-та, „Volkswagen“ ќе ја надмине бројката на испорака за 2012-та година кога ширум светот беа продадени нешто повеќе од 9 милиони автомобили.

И додека во Европа бележат пад од 2.4 проценти (испорачани 2.7 милиони возила), загубата е надокнадена благодарејќи на растот на продажбата во Јужна Америка за 9.4 проценти (681.200 возила) и Северна Америка за 9.2 проценти (664.500 автомобили). Неутрализирањето на слабите резултати во Евопа и рекордниот раст на продажбата во светот, најмногу допринесе азиско-пацифичкиот регион каде испораката е зголемена за 16 проценти (продадени 2.6 милиони единици).

Групацијата во првите 9 месеци од 2013-та година само во Кина продала 2.3 милиони автомобили, со што резултатот од 2012-та година е подобрен за 17.7 проценти.

Гледајќи по брендовите, бројот на продадени возила на марката „Volkswagen“ во светот изнесува 4.3 милиони (+3.6%), „Audi“ испорачал 1.8 милиони возила (+7.6%), „Porsche“ 119.700, додека „Škoda“ со 684.900 возила забележа пад од 4.5 проценти.

„Seat“, кој поради загубата се смета за „црна овца“ во групацијата „VW“, во првите девет месеци ја зголеми продажбата за одлични 11.7 проценти (266.100 автомобили) со што го најави своето закрепнување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП