27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочна производството на новата „Skoda Kodiaq“ (ФОТО)

Започна производството на новата „Skoda Kodiaq“ (ФОТО)

„Škoda Auto“ започна со сериско производство на втората генерација „Kodiaq“, нејзиниот водечки „SUV“ модел, во фабриката во Квашињ, Чешка. Додека ја подготвуваше фабриката за новиот модел, компанијата направи значителни инвестиции во модернизација на производната линија.

Со преместувањето на производството на новата генерација „Superb“ од Квашињ во Братислава, Словачка, чешкиот производител на автомобили создаде дополнителен капацитет во Квашињ за производство на успешните „SUV“ модели „Kodiaq“ и „Karoq“.

Новиот „Kodiaq“ ја имаше светската премиера во октомври, а понудата ќе вклучува бензин, дизел и „plug-in“ хибрид со долг електричен опсег.

Дизајнот може да се нарече варијација на темата на претходниот модел, но со многу модернизирани детали. Сè уште има поделени фарови, страничната силуета сега е поиздолжена, а стоп светлата се модернизирани и сега се поврзани со тенка LED лента.

Се на сè, кога станува збор за дизајнот, „Škoda“ очигледно играше на сигурно бидејќи е еден од најважните модели на марката, кој досега има продадено повеќе од 800.000 примероци.

Новиот „Kodiaq“ беше „растегнат“ на 4.758 mm (+61 mm во однос на неговиот претходник), додека меѓуоскиното растојание остана исто (2.971 mm). Автомобилот е минимално потесен и понизок од неговиот претходник.

Практичноста е без конкуренција во овој сегмент, а има и багажник од 910 литри, што е за 75 литри повеќе од претходно. Ако го изберете моделот со седум седишта, волуменот на багажникот се намалува на многу скромни 340 литри зад третиот ред.

Од моторот има по нешто за секого – сè започнува со 1.5-литарскиот „TSI“ кој користи „лесна“ хибридна технологија и има 150 ks, како и технологија за деактивирање на два цилиндри при помали оптоварувања. Поголемиот 2.0-литарскиот „TSI“ има 204 ks доаѓа со погон на сите тркала, додека 1.5-литарскиот „TSI“ се нуди само со погон на предните тркала.

Оние кои сепак сакаат дизел мотор можат да се одлучат за 2.0-литарскиот „TDI“ со 150 ks и погон на предните тркала или со 193 ks и погон на 4 тркала. Менувачот е седумстепен автоматски.

Конечно, тука е и „plug-in“ хибридот со погон на предните тркала и 204 ks, кој може да вози до 100 km само со електрична енергија. Батеријата може да се полни на полначи со наизменична струја со моќност до 11 kW и на полначи со еднонасочна струја до 50 kW.

Во внатрешноста голема иновација е префрлањето на менувачот на управувачкиот столб (сите верзии се со автоматски менувач).

Мултимедијалниот систем е достапен во големини од 10 или 13 инчи, во зависност од пакетот на опремата. Под големиот екран се наоѓаат функционални копчиња кои можат да се конфигурираат да ги прилагодуваат функциите на клима уредот, аудио системот, греењето и ладењето на седиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП