27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија подготвена за зимата

ЕВН Македонија подготвена за зимата

evn

ЕВН Македонија е подготвена за зимата. Целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции, велат од компанијата.

– Во првата половина на оваа година направена е инспекција на 21.000 километри дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7.730 трафостаници во земјава, соопшти ЕВН Македонија.

ЕВН, се додава во соопштението, интервенираше на сите маркирани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 106 километри среднонапонска и на 104 километри нисконапонска мрежа. Заменети се над 1.500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1.900 делумно оштетени столбови.

– Коригирано е заземјување на 260 столба од среднонапонската мрежа и на 30 ТС 10(20)/0,4 кV, а направени се сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа и на ТС 10(20)/0,4 кV, велат од ЕВН.

Според компанијата, во првата половина од годинава е изградена нова надземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во должина од 58 километри и 70 километри нова подземна кабловска мрежа на ниско и средно напонско ниво.

– За полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. Екипите се опремени со зимска опрема и набавени се нови 44 возила за движење во тешко пристапни места.

Специјализирани возила за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема се распоредени низ сите поголеми центри во земјава со што на располагање е ставена целата механизација, нагласуваат од ЕВН Македонија.

Околу 300 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции, а уште 400 може дополнително да се ангажираат.

Во случај на големо невреме и опасност по мрежата според договорите со надворешни компании може да се вклучат дополнителен број електромонтери.

Сите активности на ЕВН се насочени кон успешно справување со предизвиците на зимата. Останува и натаму апелот за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на елетричната енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП