15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавени критериумите за вработување 300 лица со инвалидност

Објавени критериумите за вработување 300 лица со инвалидност

imv

Министерството за труд и социјална политика денеска на својата веб страница ги објави предлог-условите и потребната документација за најавеното вработување на 300 лица со инвалидност.

Од Министерството информираат дека предлог критериумите се објавени јавно на www.mtsp.gov.mk со цел да се дадат предлози, сугестии или забелешки за нив и заради транспаретност на целиот процес.

Министерството ги повикува сите заинтересирани страни да се вклучат во овој процес и дадат свои коментари на е-маил адресата [email protected] најдоцна до 20 овој месец.

Според предлог критериумите, на огласот може да се јават лица со оштетен вид, со оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, со телесна инвалидност, со пречки во менталниот развој, со комбинирани пречки и инвалиди на трудот.

Изборот на кандидатите ќе се врши согласно следните критериуми на бодирање: 40 бода за лицата со инвалидност кои најдолго се невработени, 30 бода за лице кое нема приходи, 20 бода за лице со инвалидност од домаќинство без приходи и 10 бода за лица со инвалидност од домаќинства во коишто има приходи и самохран родител, еднородителско семејство или домаќинство во коешто два или повеќе членови се лица со инвалидност.

При оцената на критериумот приходи на домаќинство ќе се земе состојбата на приходи на 1 јануари годинава.

– При изборот за вработување ќе се води сметка за принципот за еднаква и правична застапеност на заедниците во Република Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП