8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономскиот раст во Русија близу нулата

Економскиот раст во Русија близу нулата

O

Темпото на раст на бруто домашниот производ (БДП) во Русија во третото тромесечје е речиси еднакво на нула, изјави заменик министерот за економски развој Анреј Клепач.

Се претпоставуваше дека Русија ќе биде во состојба да го промени трендот на пад и стагнација на економијата кој сега е видлив, рече тој на состанокот на одборот за буџет на Државната Дума.

Клепач прецизираше дека економскиот раст еднаков на нулата, не е само во првата половина од оваа година, туку и во третото тромесечје, пренесува „Итар тас“.

Се прогнозираше дека темпото на раст ќе се забрза. Ако моменталната проценка за оваа година е 1,8 проценти, тоа е оптимистички бидејќи предвидениот раст на БДП е од 1,5 до 1,6 проценти оваа година, а целта е на крајот на годината да оживее економијата, рече Клепач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП