26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот iPad ќе има 128 GB меморија

Новиот iPad ќе има 128 GB меморија

ipad

Компанијата „Apple“, на 5 февруари ќе го лансира на пазарот новиот „iPad 4“ со 128 GB меморија.

Како што пренесува порталот „Mashable.com“, новиот уред е идентичен со постоечкиот, а четвртата генерација ќе има само поголема меморија.

До сега, овие уреди имаа 16, 32 и 64 GB меморија.

Потпретседателот на „Apple“ за глобален маркетинг Филип Шилер, рече дека со двојно повеќе меморија и со повеќе од 300.000 домашни апликации, претприемачите, едукаторите и уметниците имаат уште повеќе причини да го користат „iPad“ за сите деловни и лични потреби.

Новиот „iPad“ има и нова цена, па така, Wi-Fi моделите ќе чинат 799 дoлари, додека верзијата која подржува и LTE ќе чини 929 долари, што ги прави и најскапи на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП