22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНема раст за Yahoo во третиот квартал

Нема раст за Yahoo во третиот квартал

yahoo2

Американскиот интернет гигант „Yahoo“ во третиот квартал остварил профит во вредност од 296 милиони долари, што е подобро од очекуваното, но значајно помалку во однос на истиот период минатата година, соопштено е од таа компанија.

„Yahoo“ во споменатиот период забележил десет пати помал профит од оној во третиот квартал во 2012 година, кој пак, беше зголемен со вонредната ставка од 2,8 милијарди долари, добиени од продажбата на дел од сопственоста во кинеската e-продавница „Alibaba“, се прецизира во соопштението кое го пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во периодот јули-септември, оваа интернет компанија претрпела трошок за реструктуирање од 25 милиони долари. Приходите од продажбата паднале за 5,0 проценти на годишно ниво, на 1,14 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП