2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУделот на лоши кредити во Италија на највисоко ниво од 1999 година

Уделот на лоши кредити во Италија на највисоко ниво од 1999 година

S

Уделот на лоши кредити во вкупните кредити во Италија во август го достигна највисокото ниво од 1999 година, покажуваат најновите податоци на италијанското Здружение на банки (АБИ). Уделот на лошите кредити во август е зголемен на 7,32 проценти, во однос на 7,2 проценти од пред 14 години, покажа извештајот на АБИ.

Меѓу главните причини за раст на уделот на лошите кредити во АБИ ги издвоија: тврдокорната економска криза и долготрајната рецесија во Италија.

Моменталната ситуација е значително полоша во споредба со 2008 година и периодот пред глобалната криза, кога уделот на лошите кредити изнесуваше само 2,3 проценти, се вели во соопштението на АБИ.

Каматните стапки на потрошувачките кредити бележат надолен тренд а минатиот месец се намалија на најниското историско ниво кое изнесуваше 3,81 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП