27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Секој сапун си има своја приказна“ – младата хемичарка Јована има најмиризливо...

„Секој сапун си има своја приказна“ – младата хемичарка Јована има најмиризливо хоби

Јована Илиевска е млада хемичарка од Скопје, која има необично хоби – правење сапуни и шампони.

Таа го започнала своето хоби уште како студентка на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што стекнала знаење за синтезата на различни компоненти и нивните својства.

Таа вели дека се заинтересирала за хемијата уште од основно училиште, кога била фасцинирана од експериментите.

Но, не сите ја разбирале нејзината страст. Често се среќавала со коментари како „што ќе ти е тоа“, „никогаш нема да најдеш работа“, „тоа е сувопарно и досадно“.

Таа, меѓутоа, не се откажувала од својот сон, туку го користела тоа како мотивација да направи нешто поинакво и корисно. Сакала да докаже дека хемијата не е само формула на хартија, туку може да се примени и да се претвори во конкретен производ.

Така, таа почнала да прави сапуни за себе и за своите блиски, како уникатни подароци.

Нејзините сапуни биле разновидни, со различни бои, форми и мириси. Таа ги изливала во калапи кои ги нарачувала од странство, и додавала етерични масла, парфеми или други супстанци кои ги истражувала во лабораторијата.

Јована тврди дека секој сапун има своја приказна и своја порака.

Набрзо, нејзините сапуни почнале да привлекуваат внимание на социјалните мрежи.

Таа добила понуди да прави свадбени икебани, да учествува на предновогодишните базари во Скопје, да соработува со разни продавници и салони…

Јована вели дека правењето сапуни сè уште го смета за хоби, а не за работа, бидејќи ужива во тоа што прави.

„Не можам да кажам дека тоа ми е професија, ама еве ќе кажам дека е хоби од кое прилично добро се заработува. Јас сè уште сум во фаза на образување и истражување, бидејќи сум на докторски студии во Белград и целосно сум фокусирана на применета хемија. Се надевам дека наскоро ќе можам да го развијам своето хоби во успешен бизнис и да го промовирам значењето и убавината на хемијата“, објаснува Јована.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП