3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија планира да земе кредит од три милијарди евра од Обединетите Арапски...

Србија планира да земе кредит од три милијарди евра од Обединетите Арапски Емирати

resize

Србија планира да постигне договор со Обединетите Арапски Емирати за обезбедување кредит во вредност од две-три милијарди евра, пренесува ИТАР-ТАСС.

Заменикот претседател на владиниот кабинет за соработка со ОАЕ Млаѓан Динкиќ изјави дека првиот вицепремиер во српската влада Александар Вучиќ ќе за таа цел ќе отпатува на 26 октомври во Абу Даби.

Претходно Белград постигна договор за кредит во вредност од 400 милиони долари од Фондот за развој на ОАЕ и уште 400 милиони долари од големиот агрокомбинат „Ал Дахра“.

Пред една недела владата на Србија објави дека воведува строги мерки за штедење со цел да се намали буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП