20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOMV отвора нафтена академија

OMV отвора нафтена академија

omv1

Австриската нафтена компанија „OMV“ најави дека на Универзитетот во Леобен, Австрија ќе воведе нова студиска програма – Меѓународна нафтена академија.

Во соопштението на „OMV“ се наведува дека плановите за раст на компанијата бараат дополнителни 1.600 работници од техничкиот отсек за истражување и производство на нафта и гас до 2016 година, поради што интензивирањето на соработката со Универзитетот во Леобен е важен чекор за вработување на дипломците со потребните квалификации.

Најавено е дека новите мастер студии на Нафтената академија ќе бидат претставени следната година на есен и дека ќе вклучуваат менаџерски вештини, основи на економијата и комуникациите, како и настава од областа на здравството, безбедноста и одговорниот однос кон општеството во животната средина.

„OMV“ најави дека планира да им понуди на студентите на овие студии прилика да работат во странство, како и размена на програми со други партнерски универзитети, кои треба да доведат до двојно зголемување на бројот на дипломирани студенти.

Универзитетот во Леобен е основан во 1840 година, каде се изучуваат рударството и металургијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП