3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Софија – Странските инвестиции во Бугарија ќе достигнат вредност од 1 милијарда евра во 2013 година, изјави директорот на бугарската Агенција за инвестиции, Светослав Младенов. Таа сума ќе се достигне кога ќе се остварат шест нови инвестициони проекти од областа на производството на автомобилски делови, чија реализација е планирана во следните шест месеци. Со цел за поттик на странските инвестиции, оваа агенција предложи измена на законот за процедура за добивање на сертификат за инвестиции и низа други дополни за поедноставување на администрацијата, пренесе француската агенција Ибифранс, канцеларија во Софија.

Подгорица – Граѓаните на Црна Гора на крајот на јули оваа година на заштедите имале 1,2 милијарди евра, што е околу вредноста на годишниот буџет на државата. Податоците на Централната банка на Црна Гора покажуваат дека депозитите на населението се за 4 отсто поголеми од декември минатата година. Банките од граѓаните и стопанството на крајот на јули побаруваа 2,5 милијарди евра, па  кредитите и останатите побарувања се зголемени за 7 отсто во првите седум месеци оваа година. Во структурата на банкарските побарувања најмногу се однесува на кредитите на стопанството и населението, околу 74 отсто.

Белград – Четвртиот регионален онлајн саем за вработување – Виртуелни денови на кариера и знаење, ќе се одржи по четврти пат на адресата www.dankarijera.com од 16 до 23 октомври. Саемот веќе традиционално го организираат три најпосетени портали за вработување и образование во регионот, сајтови на Инфостуд од Србија, Мој Посао од Хрватска и Посао ба од Босна и Херцеговина. Онлајн саемот на посетителите овозможува 24 часа во тек на седум дена во неделата од својот дом да ги прегледаат понудите за работа и едукација. На единствениот саем за работни места, работодавците ќе отворат виртуелна врата на компаниите и ќе ја претстават својата кадровска политика, додека кандидатите, по пат на чет, ќе можат да ги дознаат сите информации директно од претставниците на компаниите.

Подгорица – Светска банка предупреди дека поради изградба на автопатот Бар-Болјаре јавниот долг на Црна Гора може да се зголеми за дури 23 отсто. Поради претераните трошоци за изградбата на автопатот Бар-Болјаре и поради постојаната поддршка на алуминиумската индустрија, Црна Гора нема да може да ги оствари проекциите во врска со одржување, т.е. намалување на јавниот долг, предупреди СБ.

Пало Алто – Првиот човек на Фејсбук Марк Зукерберг одлучи дел од своето богатство да го вложи во приватноста и топлината на својот дом, па буквално го купи целото соседство. Младиот милијардер потроши 30 милиони евра за четири плацеви и куќи, кои се околу неговиот дом во Пало Алто, но нема намера било што да менува во соседството. Зукерберг беше задоволен од соседите и опуштената атмосфера во крајот во кој живее со својата сопруга, па денес четирите купени куќи ги изнајмува на истите поединци, кои и до сега живееле во нив.

Лондон – Дефицитите на буџетите на многу земји со брз економски раст, вклучувајќи ги и членките на БРИКС; се побрзо растат и тоа е нова опасност за светското стопанство, пишува Економист. Весникот пишува дека наглиот раст на буџетските дефицити во земјите со брз економски раст, следел по успореното зајакнување на глобалното стопанство и неизвесноста која владее околу идните промени на стимулативната програма за американската економија. Успореното зајакнуваље на глобалното стопанство директно ја намалува побарувачката на стока која масовно се извезува од Кина, Индија и многу други брзо растечки стопанства, а исто така негативно влијае на цените на енергетските суровини, наведе Економист.

Њујорк – Кока-Кола соопшти дека во третиот квартал остварила раст на профитот, благодарение на зголемената продажба, наспроти тешките економски услови. Компанијата наведе дека продажбата на глобалној ниво е зголемена за 2 отсто, пред се благодарение на успехот на пазарите во развој како што се Кина, Индија и Русија. Приходите истовремено се намалени за 3 отсто на 12,03 милијарди долари, поради структурните промени и неповолните девизни курсеви. Аналитичарите очекуваа приходи од 12,95 милијарди.

Пекинг – Американската компанија Старбакс најдобро работи во Пекинг, а резултатите на неодамнешното истражување покажуваат дека приходите и за третина се поголеми од тие во Токио, Њујорк и Лондон. Податокот е уште поинтересен, бидејќи како што пренесува кинескиот ЦРИ, во Пекинг просечната плата по глава на жител е многу пониска од тие во овие градови. Кафето во Старбакс во Лондон чини 3,81 долар, а во Пекинг истото кафе ќе го платите 26 отсто повеќе, т.е. 4,81 долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП