19 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаучниците конечно ја решија мистеријата за „вонземските мумии“ од Перу

Научниците конечно ја решија мистеријата за „вонземските мумии“ од Перу

Две „вонземски мумии“ кои мистериозно се појавија на аеродромот во перуанската престолнина Лима минатиот октомври се целосно од копнено потекло, покажува научната анализа објавена вчера.

На прес-конференцијата експертите ги опишаа двата мали примероци како кукли слични на луѓе, најверојатно направени од човечки и животински делови. Анализирана е и специјалната рака со три прста, за која се верува дека потекнува од перуанската провинција Наска, а експертите исклучиле каква било поврзаност со вонземски живот.

„Тие се кукли направени од животински коски од оваа планета“

„Овие не се вонземјани. Станува збор за кукли направени од животински коски од оваа планета, поврзани една со друга со модерен синтетички лепак“, вели Флавио Естрада, археолог од перуанскиот институт за правна медицина и форензика.

Фигури на мумифицирани тела

Две фигури, кои личат на мумифицирани тела, облечени во традиционална облека на Андите, се појавија на аеродромот во областа на компанијата за испорака DHL во картонска кутија. Некои медиуми тогаш шпекулираа за нивното можно вонземско потекло.

Две други мали мумифицирани тела со издолжени глави и раце со три прста беа предмет на сослушување на мексиканскиот конгрес во септември минатата година. Мексиканскиот новинар и долгогодишен ентузијаст за НЛО, Хаиме Маусан, тврди дека телата стари 1.000 години, пронајдени во Перу во 2017 година, не се поврзани со ниту еден познат вид, пренесува Index.hr.

Повеќето експерти подоцна ги отфрлија како измами и рекоа дека веројатно се осакатени антички човечки мумии измешани со животински делови, но тие дефинитивно се од Земјата.

Експертите на прес-конференцијата, која вчера ја организираше перуанското Министерство за култура, не кажаа дека куклите пронајдени во просториите на DHL се поврзани со телата во Мексико, за кои исто така нагласија дека не се вонземски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП