3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHisense на CES 2024 претстави нова ера на домашна забава и ТВ...

Hisense на CES 2024 претстави нова ера на домашна забава и ТВ технологија

Компанијата Hisense на најголемиот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас ја претстави новата линија на телевизори ULED и ULED X, иновативен ласерски телевизор и бројни други новитети кои ја редефинираат традиционалната улога на екраните во домот и надвор од него.

ЛАС ВЕГАС, јануари 2024 година – Hisense на CES 2024, најголемиот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас,објави голем број нови производи и ја прикажа идната деловна визија.

Дејвид Голд, претседател на филијалата на Hisense во Америка, одржа еден од воведните говори на саемот CES 2024, во кој истакна дека Hisense ќе продолжи да ги поместува границите на технологијата на екрани, бидејќи тоа е она што и овозможува на компанијата да размисли повторно и да дизајнира нови сценарија во кои дисплеите и екраните се составен дел од најзначајните моменти. Сепак, Hisense сака да оди подалеку од тоа и да ја искористи синергијата на своите решенија и експертиза за да влијае на секојдневните моменти и да придонесе искуствата да бидат поубави и подобри.

Hisense не произведува само екрани, нашата компанија создава различни сценарија и креира нови можности. Се зближуваме еден со друг со интегрирање на екраните и паметната технологија во секојдневниот живот, нудејќи искуства кои ги надминуваат рабовите на екраните и стануваат дел од приказните што ги живееме“, рече Дејвид Голд.

Револуционерна домашна забава

Иновациите на пазарот на дисплеи беа демонстрирани на штандот на Hisense на CES 2024 преку примери на специфични сценарија за производи и нови технологии, особено истакнувајќи ги револуционерните иновации на ласерските телевизори, модерните ULED телевизори и паметната платформа ConnectLife во соработка со VIDAA оперативниот систем на телевизорите.

Понудата на Hisense ULED за новата сезона, како и досега, одговара на потребите на гледачите во однос на квалитетот, перформансите и вредноста за парите. Во оваа линија на премиум телевизори е интегрирана и Mini LED технологијата, поради што Hisense ја надминува понудата на конкуренцијата, со што ја трансформира домашната забава и разновидноста на понудата за целото семејство.

Новата серија на Hisense ULED X телевизори ја предводи моделот 110UX, кој доби награда за иновација на саемот CES 2024, како и моделите 98UX и 75UX. Овие Mini LED телевизори, со дијагонала до 110 инчи (до околу 2,8 метри) доаѓаат со до 40.000 позадински зони и осветленост до неверојатни 10.000 нити. Hisense ULED X телевизорите постигнуваат квалитет на прикажувањето со новите X-CoreSensing и 16-битни Ambient Light Sensing PRO чипови кои заеднички ја менуваат перцепцијата на прикажаната слика, придонесуваат за повисоко ниво на детали и автоматски ги прилагодуваат квалитетот и осветленоста на екранот во однос на околината во која се наоѓа телевизорот. Квалитетот на звукот е подигнат со имплементацијата на Dolby Atmos FlexConnectтехнологијата и со повеќеканален аудио систем до 3.1.2 со кој се испорачуваат одредени модели.

Нова ера на ласерски телевизори

Hisense 8K Sonic Laser TV е првиот ласерски телевизор опремен со 8K резолуција кој истовремено нуди одлична репродукција на звук во радиус од дури 3,4 квадратни метри.Hisense Sonic Laser TV обезбедува добро заоблена платформа за ултра висока 8K дефиниција со прецизно контролирање на 33 милиони пиксели, постигнувајќи реален квалитет на сликата. Во исто време, без разлика дали се работи за тркачки автомобил или авион што лета преку екранот, звукот е прецизно лоциран и репродуциран, создавајќи беспрекорна интеграција на аудио записи и слика за уште посилно искуствокако во кино сала.

Динамичното управување со светлината е уште еднотехнолошко достигнување, обезбедувајќи длабока црна боја и кристално чиста бела боја. Dynamic Light Steering, исто така, овозможува и контрола на динамичката партиција на изворотна светлина на ниво на микрони за висок контраст и перформанси на опсегот на бои, со што се овозможува контрола во реално време на дистрибуцијата на изворот на светлина синхронизирани со сликата. Ова постигнува исклучителна максимална осветленост од 2.000 нити, 10 пати поголема од онаа на традиционалните ласерски телевизори, а исто така драматично го зголемува динамичниот контраст.

Надминување на традиционалната слика

Како дел од своето преставување на CES 2024, Hisense ги прикажа и Hisense B2B дисплеите, кои играат клучна улога во професионалните и образовните средини, во време кога далечинската работа и глобалното поврзување ја менуваат соработката и комуникацијата, без разлика дали се во живо или на далечина.

Во спортот и забавата, LED екраните, видео ѕидовите и другите модели на дисплеи во арените ги доближуваат љубителите на спортот и музиката уште поблиску до акцијата, давајќи им можност да не пропуштат ниту еден момент. Hisense, исто така, воведе иновации во областа на медицината, каде што испораката на прецизна и напредна технологија за снимање на машините за ултразвук е од клучно значење.

Благодарение на Hisense технологиите и различните уреди, можностите за меѓусебно поврзување се бескрајни.

###

За компанијата Hisense

Hisense е водечки светски бренд на апарати за домаќинство и електроника за широка потрошувачка. Работењето на компанијата опфаќа мултимедијални производи (со фокус на паметните телевизори), разни апарати за домаќинство и интелигентни уреди. Производите на Hisense моментално се достапни во над 160 земји, со 66 канцеларии во странство, 34 индустриски паркови и 25 центри за истражување и развој. Визијата на Hisense е да се протега надвор од домот или дневната соба и да влијае на различни аспекти од секојдневниот живот: влез во канцеларии, училници, болници, стадиони, возила, како физички така и преку извонредни AR/VR решенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП