12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали иднината на дизел моторите е загрозена?

Дали иднината на дизел моторите е загрозена?

motor dizel

Воведувањето на нови и построги стандарди за животната средина во Европа ќе доведе до зголемување на цените на технологијата за дизел моторите, велат експертите. Ова би можело во блиска иднина да влијае на бројот на нови дизел мотори на пазарот, кој се очекува драстично да биде намален.

Купувачите во Европа ги прифатија дизел моторите во патничките автомобили во поголема мера, отколку во другите светски пазари. Модерната технологија доведе до фактот дека дизел моторите се потивко и помирно работат и помалку ја загадуваат околината.

Сепак, се има своја цена. Автомобилите кои возат на овој вид на агрегати се поскапи од моделите кои се опремени со бензински мотори. Водечките инженери од автомобилската индустрија веруваат дека до 2020-та година, поради потребата да се одговори на новите еколошки стандарди, возењето на автомобили со дизел мотори може да стане премногу скапо.

Покрај тоа, дизел горивото станува поскапо и неговата цена е речиси на исто ниво со цената на бензинот, од друга страна модерните бензински мотори се поекономични, отколку порано. Сето ова може да доведе до сериозен пад во побарувачката на автомобили со дизел мотори до крајот на оваа деценија.

На овој проблем внимание посвети и шефот за развој во компанијата „Ford Europe“, Џо Бакај.

„Евро 6 и Евро 7 стандардите ќе бидат голем проблем за дизел моторите. Технологијата која има за цел да ја намали емисијата на штетни гасови, особено во идната норма Евро 6.2, значително е поскапа за дизел, отколку за бензинскиот мотор“, рече Бакај.

„Кај дизелите неопходна е технологија, како што се системите со селективни катализатори, а колку автомобилот е поголем, трошоците се поскапи“, објаснува тој. Бакај очекува дека разликата во потрошувачката на горивото меѓу бензинските и дизел моторите ќе се намали во корист на бензинските.

Иако е можно инженерите да најдат нови решенија со кои ќе се поевтини технологијата за дизел моторите, но како работите сега стојат, нивната доминација во Европа ќе биде загрозена.

Автомобилите со дизел мотори се многу популарни на европскиот пазар. Во Шпанија и Франција, тие сочинуваат 70 проценти од вкупната продажба на нови автомобили, а во Велика Британија 50 проценти. Просекот во ЕУ е 55 отсто од вкупниот број на продадени патнички возила.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП