9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на гладни лица во Велика Британија

Зголемен бројот на гладни лица во Велика Британија

foodbank1

Во Велика Британија оваа година се зголеми бројот на лица кои бараат помош во храна, соопшти денес хуманитарната организација „Trussell Trust“, и додаде дека животниот стандард на сиромашните семејства секој ден се намалува, и покрај крајот на рецесијата.

„Trussell Trust“, хуманитарната организација која раководи со банките за храна во земјата, наведува дека околу 365,000 лица примиле помош во храна за три дена помеѓу април и септември, што е за 10.000 повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Крис Молд, претседател на организацијата, ја повика владата да покрене истрага за причините за глад во Велика Британија, бидејќи со доаѓањето на зимата можеби допрва доаѓа најлошото.

„Ова е многу вознемирувачки. Овој проблем нема сам да исчезне, бидејќи ситуацијата се влошува“, изјави Молд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП