7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали е ова најпопуларната игра во 2023 година? Продадени 22 милиони примероци...

Дали е ова најпопуларната игра во 2023 година? Продадени 22 милиони примероци (ВИДЕО)

Warner Bros. студиото објави неколку интересни статистики, па добивме увид во резултатите од продажбата на нивната најпопуларна видео игра во 2023 година.

Како што наведоа, Hogwarts Legacy e продадена во 22 милиони копии минатата година – ова вклучува продажба на верзии за различни конзоли (PC, PS5, PS4, XS, XBO и NS).

Севкупно, играчите потрошиле 707 милиони часови играјќи го Hogwarts Legacy, па не е ни чудо што студиото објави нови видео игри сместени во светот на Момчето кое преживеало.

Warner Bros. тврди дека Hogwarts Legacy е најпродаваната видео игра во претходната година, што е сосема можно, но има уште неколку наслови кои би можеле да ја надминат, чии резултати од продажбата не се објавени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП