28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШефот на „Audi“ го потврди пристигнувањето на „Q9“

Шефот на „Audi“ го потврди пристигнувањето на „Q9“

И покрај сите гласини и тврдења, „Audi“ допрва треба да лансира „SUV“ со целосна големина. Конкурентите „Mercedes“ и „BMW“ ги продаваат „GL/GLS“ од 2006-та и 2018-ма година, соодветно, но компанијата од Инголштад нема таков автомобил во својата гама. Сепак, тоа многу брзо ќе се промени, пренесува „Carsales“.

Изданието за автомобили го цитираше извршниот директор на „Audi Australia“, Џеф Менинг. Тој потврди дека новиот врвен модел на германската марка може да се појави на локалниот пазар до 2026-та година. Запрашан дали навистина има смисла поголем и поскап модел да излезе од семејството „Q“, тој беше категоричен:

„Да секако. Погледнете колкави количини продаваат другите брендови во овој сегмент додека ние сè уште отсуствуваме. Ајде да видиме што ќе се случи во следните 24 месеци“, коментира Менинг. Запрашан да го коментира името на моделот, тој одговори дека „Q9“ е привлечно име кое лесно се памети.

Според друга публикација – „Automotive News“, луксузниот теренец ќе се појави уште порано од 2026-таа година. Дилерите на „Audi“ во САД пред месеци беа информирани дека продажбата на „Q9“ на локалниот пазар може да започне во 2025-та година. Моделот ќе добие 7 седишта со цел трет ред на седишта, а негови главни пазари ќе бидат САД и Кина.

Ако сите овие информации се вистинити, тоа значи дека „Q9“ ќе биде меѓу последните нови модели на „Audi“ што ќе бидат лансирани со мотори со внатрешно согорување. Од 2026-та година, сите возила развиени во Инголштад ќе бидат електрични. Долгорочно, целта е да се запре производството на автомобили со „CNG“ до 2032-ра година, со потенцијално продолжување во Кина во зависност од локалната побарувачка.

Новиот „Q9“ нема да биде единствената промена на „SUV“ линијата на „Audi“, бидејќи „Q2“ ќе биде отстранета по само една генерација на пазарот. Малиот теренец очигледно не ги оправда очекувањата и германскиот производител ќе се откаже од него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП