3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмериканската компанија се откажа од обидот да слета на Месечината

Американската компанија се откажа од обидот да слета на Месечината

Американската компанија во вторникот објави дека го напуштила слетувањето на своето вселенско летало на Месечината затоа што е невозможно да се запре големото истекување на гориво што се случило поради деформација на облогата на леталото по полетувањето во понеделникот.

Дел од леталото за слетување на Astrobotic Technology почна да губи гориво веднаш по лансирањето во понеделникот.

Вселенското летало одредено време имало проблеми и со вртењето на сончевиот колектор кон Сонцето, а со тоа и со снабдувањето со електрична енергија.

„Со оглед на истекувањето на горивото, за жал, нема шанси за меко слетување на Месечината“, објави Astrobotic.

Astrobotic го планираше слетувањето на Месечината за 23 февруари, по долг заобилколен лет, но економичен пат.

Тоа би можело да биде првото американско слетување на Месечината по повеќе од 50 години и прво од приватна компанија.

Само четири земји успешно слетаа на Месечината.

Вториот „лендер“ на компанијата од Хјустон треба да биде лансиран следниот месец.

Од компанијата најавија дека новата цел е онеспособениот „лендер“, кој и онака нема да слета, во сегашните услови да работи што подолго во вселената, за да може компјутерот да „учи“ што повеќе за следната мисија. Контролорите на летот некако успеаја да го задржат вселенското летало насочено кон Сонцето и неговата батерија е целосно наполнета, со очекувани 40 часа работа.

Компанијата не објасни зошто Peregrine – погонскиот систем на лендерот откажа само по неколку часа лет.

НАСА и плати на Astrobotic 108 милиони долари за да пренесе неколку нејзини експерименти на Месечината во оваа мисија, која е дел од комерцијалната лунарна програма на агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП