23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на продажбата на Coca-Cola

Раст на продажбата на Coca-Cola

Coca-Cola Post Strong Earnings

„Coca-Cola“ соопшти дека во третиот квартал остварила раст на профитот, благодарение на скокот на продажбата, и покрај тешките економски услови.

Компанијата наведува дека продажбата на глобално ниво е зголемена за два проценти, пред се благодарение на успехот на пазарите во развој како што се Кина, Индија и Русија, пренесува агенцијата АП.

Приходите, истовремено, се намалени за три проценти на 12,03 милијарди долари, поради структурните промени и неповолните девизни курсеви. Аналитичарите очекуваа приходи од 12,95 милијарди.

„Coca-Cola“ во третиот квартал заработи 2,45 милијарди долари, односно 54 центи по акција, додека во истиот период минатата година заработи 2,31 милијарда долари или 50 центи по акција.

Не пресметувајќи ги еднократните трошоци, заработката по акција изнесуваше 53 центи, што е во согласност со очекувањата.

Акциите на „Coca-Cola“ по објавувањето на овие вести се зголемија за 1,6 проценти на 38,51 долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП