1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобили со кои оваа година ќе се збогуваме (ФОТО)

Автомобили со кои оваа година ќе се збогуваме (ФОТО)

Има неколку модели на возила со кои ќе се збогуваме оваа година, а еден од нив е клучен европски модел за купувачите со поплитки џебови.

Станува збор за „Ford Fiesta“, чие производство завршува оваа година. Тоа е автомобилот кој најмногу ќе ни недостига бидејќи покрај фер цена, нудеше и одлични возни карактеристики со квалитетни мотори.

Малиот градски автомобил можеби ќе се врати како електричен модел, но засега тоа се само шпекулации.

Друг автомобил кој исто така ќе исчезне од пазарот во 2024-та година е „Audi R8“, иако има се повеќе информации дека ќе добие електричен наследник.

Оваа година Германците престануваат да го произведуваат и атрактивното мало купе „Audi TT“.

„Ferrari Portofino M“ ќе му отстапи место на „Roma Spider“.

„Mercedes-Benz“ ќе го прекине производството на неколку купеа и кабриолети од својот каталог за „C“ и „E Class“.

По 18 години, „Chrysler 300“, кој некогаш се продаваше кај нас, се прекинува.

„Kia“, наводно, го прекинува производството на „Stinger“ во оваа година, што беше обид за „напад“ врз германските премиум автомобили од средната класа, како што е серијата „3“ на „BMW“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП