2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад во продажбата на H&M

Пад во продажбата на H&M

h&m

Шведскиот моден ланец „Hennes & Mauritz“ (H&M) објави дека нивната продажба во месец септември е намалена за два проценти во однос на истиот период од минатата година.

Овој резултат во компанијата го толкуваат како неповолно влијание на календарските фактори. Во претходниот месец нивната продажба забележа раст од четири проценти.

Ако се земат во предвид и новите продавници, кои се отворени пред помалку од една година, продажбата во септември пораснала за седум проценти искажано во локалната валута. А пак во минатиот месец забележале скок од 14 проценти.

Кон крајот на септември овој моден ланец имаше вкупно 3006 продавници, во однос на 2669-те кои ги имаа на 30-ти септември 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП