19 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft додава AI копче на тастатурите за покревање на чeт-ботови

Microsoft додава AI копче на тастатурите за покревање на чeт-ботови

ИТ компанијата Microsoft ги покани независните производители на компјутери и лаптопи да додадат ново копче на нивните тастатури за покревање на апликацијата за вештачка интелигенција (AI) ChatGpt развиена од неа.

Редизајнот на тастатурата ќе биде најголемата промена што Microsoft ја воведе откако додаде посебно копче за Windows во 1990-тите.

Microsoft го користи своето силно влијание на пазарот на персонални компјутери преку своите договори за лиценцирање со трети производители како што се Lenovo, Dell и HP за симболично да ја отвори вратата за апликациите на генеративната вештачка интелигенција.

Иако денес поголемиот дел од корисниците се поврзуваат на интернет и со самото тоа користат AI апликации преку телефони, а не преку компјутери, ИТ гигантот го нагласува своето блиско партнерство со OpenAI, производителот на ChatGPT.

Воведувањето на новото копче на тастатурата до „space“, кое ќе гласи Copilot, го означува почетокот на она што се очекува да биде интензивно конкурентна година додека технолошките компании се тркаат да се надминат меѓусебно во апликациите за вештачка интелигенција.

Microsoft не е единствената компанија со приспособена тастатура. Apple беше пионер на овој концепт во 1980-тите кога го воведе копчето „Command“ (некое време го носеше и логото на Apple).

Google има копче за пребарување на своите Chromebook и најпрво експериментираше со копче специфично за вештачка интелигенција за да го лансира својот гласовен асистент на својот сега веќе прекинат Pixelbook.

Сепак, околу 82 проценти од сите десктоп компјутери, лаптопи и работни станици користат Windows, оперативниот систем на Microsoft, во споредба со девет проценти што ги користи Apple и шест проценти од Google.

Некои од производителите на лаптопи се очекува да ги претстават своите нови модели на тастатура на саемот за гаџети CES следната недела во Лас Вегас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП