4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТКако 379 патници беа евакуирани од запалениот авион на пистата во Токио...

Како 379 патници беа евакуирани од запалениот авион на пистата во Токио за 90 секунди

Сите 379 патници и членови на екипажот од авионот на Japan Airlines, кој се запали на аеродромот во Токио по падот, се евакуирани за 90 секунди.

Тие беа евакуирани за само 90 секунди пред пламенот да го зафати трупот на авионот, соопшти пожарникарската служба.

Иако драматичните снимки покажуваат дека пламенот го зафатил авионот додека се движел по пистата, сите во авионот биле безбедно евакуирани.

За време на евакуацијата, која траела само 90 секунди, патниците и членовите на екипажот користеле воздушни лизгалки кои се користат во итни случаи.

Во Ербас А350-900 имало вкупно 379 луѓе.

Инцидентот се случил на аеродромот Ханеда кога патнички авион се судрил со авион на јапонската крајбрежна стража при слетување.

За време на судирот загинале пет членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража, кои биле на пат да достават помош за настраданите од разорниот земјотрес, јавуваат јапонските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП