27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајавен е „Cadillac Vitiq“, нов електричен „SUV“ (ФОТО)

Најавен е „Cadillac Vitiq“, нов електричен „SUV“ (ФОТО)

„Cadillac“ продолжува да открива нови електрични возила, а новиот огранок е теренецот „Cadillac Vistiq“, кој ќе се најде на пазарот во 2026-та година.

„Vistiq“ ќе биде 100% електричен „SUV“ и ќе биде некаде помеѓу „Liryq“ и моделот кој допрва треба да биде објавен „Escalade IQ“. За оние кои водат сметка, ова е трето електрично возило на „Cadillac“ во оваа година, со „Optiq“ кој беше претставен минатиот месец.

За жал, оваа „презентација“ се состои од само две фотографии, без придружни спецификации или детали.

Сепак, еден поглед на „Vistiq“ е доволен за да се знае дека наликува на моделот „XT6“ кога се во прашање димензиите и употребата. Кадилак само рече дека станува збор за „посебен и иновативен луксузен теренец со три реда, дизајниран за модерното семејство“.

Ознаката на задната страна на овој теренец е „600 E4“. Во исто време, „E4“ се однесува на погон на четири тркала, додека бројот 600 се однесува на приближниот максимален вртежен момент (Nm) на новите модели на „Cadillac“.

Доколку погонската група на овој теренец е слична на онаа на „Lyriq“, тогаш можеме да очекуваме дека ќе има околу 500 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП