Граѓаните на Црна Гора на крајот на јули оваа година на штедните книшки имале 1,2 милијарди евра, што е приближно до вредноста на годишниот буџет на државата.
Податоците на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), покажуваат дека депозитите на граѓаните се за четири проценти поголеми отколку во декември минатата година.
Банките од граѓаните и од економијата на крајот на јули побарале 2,5 милијарди евра, па кредитите и останатите побарувања се зголемени за седум проценти во првите седум месеци од оваа година.
Структурата на банкарските побарувања најмногу се однесува на кредитите на економијата и населението, околу 74 проценти.