2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКина ја престигна Јапонија по извоз на автомобили: Продадени 4,41 милиони возила

Кина ја престигна Јапонија по извоз на автомобили: Продадени 4,41 милиони возила

Кина е на пат да стане најголем светски извозник на автомобили за прв пат, благодарение на големиот извоз на возила во Русија и Мексико, но и зголемената употреба на електрични возила (EV).

Кина извезла 4,41 милиони автомобили од јануари до ноември, што е за 58 отсто повеќе од истиот период минатата година, покажаа прелиминарните податоци од Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM).

Тоа ја става Кина пред неодамнешниот извозен лидер, Јапонија, која и покрај порастот од 15 отсто, извезла 3,99 милиони возила во првите 11 месеци од оваа година, пренесува Nikei Asia.

До крајот на декември Јапонија се очекува да извезе 4,3 милиони возила.

Последен пат Јапонија падна од првото место во 2016 година – кога Германија беше лидер.

Кина има за цел да биде водечка автомобилска сила и ја гледа транзицијата кон електричните возила како шанса да ја постигне таа цел.

За овој резултат најмногу придонесе одличната продажба на кинески возила во Русија и Мексико, но и во Европа и Југоисточна Азија.

Во периодот од јануари до октомври, Кина извезла 730.000 автомобили во Русија, што е седум пати повеќе отколку во истиот временски период во 2022 година.

По Русија, најмногу кинески возила купиле Мексиканците, каде се продадени 330.000 автомобили, што е скок од 71 отсто во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП