2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата се нешто над 77 долари за барел

Цените на нафтата се нешто над 77 долари за барел

Во саботата наутро цената на нафтата WTI, репер за американскиот пазар, падна на 71,65 долари, а нафтата од типот брент на 77,04 долари за барел, објави Oil Price.

Цените на нафтата, сепак, пораснаа на меѓународните пазари до 78 долари, бидејќи инвеститорите повторно беа преокупирани од тензиите во Црвеното Море кон крајот на годината, засенувајќи ја загриженоста за побарувачката во средина на високи каматни стапки и нестабилна економија.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше повисока за 72 центи и изнесуваше 77,87 долари. Речиси за исто толку поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 72,53 долари.

Во саботата наутро цената на нафтата WTI, репер за американскиот пазар, падна на 71,65 долари, а нафтата од типот брент на 77,04 долари за барел, објави Oil Price.

Трговците повторно се фокусираа на тензиите во Црвеното Море на последниот работен ден од годината, откако САД објавија дека собориле беспилотно летало и балистичка ракета истрелани од јеменските Хути.

„Американскиот воен брод УСС Мејсон (ДДГ 87) собори едно беспилотно летало и една противбродска балистичка ракета испукани од Хутите во јужниот дел на Црвеното Море“, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Ниту еден од бродовите во таа област не пријавил повредени морнари или материјална штета.

Хутите ја покажуваат својата поддршка за Палестинците во Појасот Газа со напади, попречувајќи ја пловидбата на бродовите поврзани со Израел.

Новиот инцидент уште еднаш го изнесе на преден план прашањето за ризикот во Црвеното Море, што беше ублажено со сигналот на данската бродска компанија „Маерск“ дека поради најавената меѓународна воена операција може да ги врати бродовите на рутата преку Суецкиот канал. Досега тие беа пренасочени преку Ртот на добра надеж.

САД најавија меѓународна поморска коалиција која треба да го заштити бродот низ Црвеното Море, но голем број сојузници се двоумат или најавуваат повлекување, откривајќи ја поделеноста околу израелската војна во Газа и американската поддршка за Тел Авив.

Ескалацијата на тензиите на виталната светска поморска рута ја засени загриженоста за побарувачката бидејќи растечките каматни стапки ја влечат економската активност.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници се обидуваат да ја усогласат послабата побарувачка со намалување на понудата, моментално за околу шест милиони барели дневно, што одговара на околу шест отсто од глобалната понуда.

ОПЕК поради празникот и денеска не ја објави цената на барел од нафтената кошничка на своите членки. Минатиот четврток барелот чинеше 80,84 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП