КОМПАНИИ

Новите договори на Ericsson Nikola Tesla вредни 80 милиони куни

ericssonnikolatesla1

Компанијата „Ericsson Nikola Tesla“ потпиша неколку договори во вредност од 80 милиони куни во земјата и на пазарите во соседните земји, соопштено е денес од компанијата.

Станува збор за проширување и унапредување на мобилните и фиксните мрежи, како и за испорака на решение во областа на индустријата и општеството, се вели во соопштението.

Претседателката на компанијата, Гордана Ковачевиќ, истакнува дека компанијата со новиот бизнис го продолжува континуитетот на успешно работење.

„Покрај нашите традиционални клиенти и работењето во областа на мрежите, се повеќе договори потпишуваме и во областа на индустријата и општеството и активно учествуваме во остварувањето на визијата на компанијата за вмрежно општество во корист на сите граѓани и деловни субјекти“, нагласува таа.