4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСекое интервју за работа е стресно – на овие прашања треба да...

Секое интервју за работа е стресно – на овие прашања треба да дадете погрешен одговор!

Секое интервју за работа е повеќе или помалку стресно, но експертите за вработување советуваат дека на некои прашања треба да бидете посебно внимателни.

Иван Влајковиќ работи како регрутер во фирма од областа на компјутерската технологија, како што вели, понекогаш мора да лажете ако сакате добро да поминете на интервјуто.

Тој спомнува неколку стандардни прашања, а дава и примери за лоши и добри одговори:

Зошто го напуштивте вашето претходно работно место?

Лоши одговори се, вели Влајковиќ, сите оние кои вклучуваат прекумерно негативен став или напаѓање на поранешниот работодавец. Ако одговорите премногу негативно, фирмата кај која сте на интервју ќе се запраша дали, сепак, било до вас или само до фирмата.

А сигурно ќе се постави и прашањето – дали утре некому исто така ќе зборувате за актуелната фирма откако ќе го напуштите работното место?

„Мојот шеф беше преголем микроменаџер, а менаџментот на компанијата немаше поим што прави” – пример за лош одговор.

„Сè беше одлично, но сакав да преземам поголем чекор – ми требаше предизвик” или „Од претходната фирма заминав, бидејќи не се вклопив најдобро во менаџментот” – примери за добри одговори.

Зошто ја сакате оваа работа?

Ако при одговарањето на ова прашање сте само фокусирани на тоа што ќе добиете од работењето во некоја фирма, тие кои одлучуваат за вашето вработување можат да помислат дека вам не ви е доволно грижа за работата.

Запомнете, работодавците бараат некој што во одговорот на ова прашање ќе спомне нешто повеќе од плата и бенефиции, некој што веќе ја истражил фирмата и добро разбира со што се занимава.

„Сакам работа на далечина, за да можам да бидам дома со децата” или „Сакам работа која е, пред сè, добро платена” – примери за лоши одговори.

„Возбуден/а сум поради можноста да влијаам врз производите кои фирмата ги креира и навистина сакам да бидам дел од тоа” – пример за добар одговор.

Каде се гледате во иднина?

Не е евтино, а ни така едноставно да се вработи и обучи некој. Фирмите се надеваат дека ќе вработат личност која е подготвена да остане тука долгорочно.

Понатаму, за време на разговорот за работа важно е да ги изразите вашите надежи дека ќе се снајдете добро во улогата на подолг рок. Фирмите се посебно внимателни кога за работа се пријавува некој кој е преквалификуван, бидејќи помислуваат дека таа личност би можела брзо да замине.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП