4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБританската фабрика на Nissan ќе работи 24 часа

Британската фабрика на Nissan ќе работи 24 часа

nisanan

Најголемата фабрика за автомобили во Велика Британија за прв пат ќе започне со 24-часовно производство со што дополнително ќе биде обезбедено здраво влијание на авто-индустријата во оваа земја. Во фабриката на „Nissan“ во Сандерленд, која прави 500.000 возила годишно, ќе бидат додадени 400 нови работни места.

Исто така оваа фабрика ќе воведе уште еден смена од почетокот на наредната година за да може да се прават поголем број на автомобили за британскиот пазар, но и за меѓународните пазари.

Оваа фабрика која вработува повеќе од 6.500 луѓе со новата смена ќе стане клучен европски центар на јапонскиот производител и ќе стане модел за британските политичари да привлечат што е можно повеќе странски производители со своите фабрики.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП