5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧетститки за празникот до лицата со оштетен вид

Четститки за празникот до лицата со оштетен вид

kb

На членовите на Националниот сојуз на слепите Комерцијална банка АД Скопје им го честита  Светскиот ден на Белиот стап – 15 Октомври и им посакува успешна соработка со Комерцијална банка АД Скопје.

Комерцијална банка АД Скопје прва од банките во РМ и меѓу првите големи компании во земјава овозможи полесен пристап и користење на банкарските услуги и производи за лицата со целосно оштетен вид.

ИТ секторот на Комерцијална банка и Секторот за работа со население на Банката, во соработка со засегнати лица и претставници на Националниот сојуз на слепите на РМ, обезбедија полесен пристап и користење на интернет банката за лицата со оштетен вид, како и олеснување на процедурите за отварање трансакциска сметка и вршење други трансакции во Банката.

Во делот на електронско плаќање на сметките,  лицата со целосно оштетен вид, можат да ги користат читачите базирани на технологии со отворен код (како NVDA читачот) за плаќање преку Интернет банка на Комерцијална банка. Вршење на останатите банкарски трансакции за кои треба лично присуство во Банката, како при отварање сметка на лице со оштетен вид, веќе не е задолжително да биде присутен полномошникот, а  писмена согласност  се дава со потпишување Изјава со факсимил. На овој начин еден од иницијалните проблеми со кои се нарушуваше интегритетот и човековите права на лицата со оштетен вид се надмина. Во почеток овој начин на работа ќе биде достапен во Централата во Скопје и Филијалите низ Републиката, а постепено ќе се прошири и во поголемите експозитури во Скопје. За наредниот период Банката прави напори за набавка на Браев принтер со  што на лицата со оштетен вид ќе им овозможи рамноправно користење на сите банкарски услуги и услови за целосна општествена интеграција и продуктивен живот.

За корисниците со оштетен вид на Интернет банката изготвено е и упатство, за полесен и поедноставен пристап до оваа услуга.

Од  досега споменати те промени бенефит ќе имаат сите корисници, бидејќи споменатите прилогдувања на интернет банката воедно го подбруваат и сеопштото корисничко искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП