2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа кога ќе се соберат дизајнерите на „BMW“, „Volkswagen“ и „Volvo“...

Како изгледа кога ќе се соберат дизајнерите на „BMW“, „Volkswagen“ и „Volvo“ (ФОТО)

Група дизајнери на автомобили работеа заедно за да го создадат ова атрактивно возило.

Ова прекрасно купе се вика „Aegis“, а создадено е откако на проектот се собраа навистина познати имиња од автомобилскиот дизајн. „Volkswagen“ го претставува нивниот поранешен дизајнер Григориј Бутин, „BMW Designworks“ го претставува Куичен Ли, тимот на „Dazz Design“ го предводи Сандеп Дасари, додека „Volvo“ го претставуваат Тијаго Ајело и Артем Шкиренко.

Нивниот заеднички проект доаѓа во форма на атрактивно спортско купе кое одговара на големината и пропорциите на моделот „Aston Martin Vantage“. Рецептот е познат и вклучува ниска силуета, предница со голема решетка и тенки LED светла и многу стаклени површини.

Големиот дел од стаклените површини укажува дека (засега) станува збор за дигитален прототип. Сигурно е дека производствените перформанси во овој поглед би биле далеку поконзервативни.

Подеднакво интересен дизајн е видлив и во кабината со футуристички волан, но и ретро детали. Чистите линии и многу светлина доминираат во ова воздушесто купе лишено од „тежината“ на многубројните екрани.

Кој знае, можеби еден ден ќе доживееме да видиме сериска верзија на ваков автомобил… Дотогаш, можеме да уживаме во прекрасните рендери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП