3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMega S Power го проширува глобалното присуство со нови канцеларии во Северна...

Mega S Power го проширува глобалното присуство со нови канцеларии во Северна Македонија

Mega S Power, водечка компанија за зелена, чиста и обновлива енергија, го објави отворањето на своите нови канцеларии во Северна Македонија. Овој стратешки потег претставува значајна пресвртница во напорите на компанијата за глобално проширување, дополнително зацврстувајќи ја нејзината позиција на пазарот на одржливи енергетски решенија.

Како дел од амбициозната мисија да инсталира 1 TW фотонапонски електрани (PV) и 1,5 TWh мрежно поврзани станици за складирање батерии (BESS) до 2040 година, Mega S Power успешно изгради проекти од повеќе милијарди долари ширум светот.

Во текот на последните четири години, компанијата ја покажа својата моќ со воспоставување 1.8 GW фотонапонски (PV) електрани и 1.5 GWh мрежно поврзани станици за складирање батерии (BESS). Плановите за 2024 година вклучуваат изградба на слични капацитети во овие две области.

Аврахам Леви, Оперативен директор во Mega S Power, како особена предност на компанијата ја посочува способноста за брзо спроведување на проектите. 

„За само 4 години успешно спроведовме 211 проекти, од кои 178 се во областа на соларни централи, а 33 во областа на складирање електрична енергија. Благодарение на експертизата и ресурсите што ги поседуваме, подготвеноста за брзо планирање и изведување на проектите е една од нашите најсилни страни.“

Од компанијата додаваат дека исклучителната посветеност за усогласување со највисоките ESG стандарди за одговорно работење играат значајна улога во стопроцентната стапка на успех и постојаното надминување на конкурентите на глобалниот пазар за производство и складирање на обновливи извори на енергија.

Позначајните инвестиции на Mega S Power вклучуваат проекти во САД, Шпанија, Јужна Кореја, Либан, Италија, Израел, Унгарија, Грција, Германија, Кипар, Чешка, Кина, Канада, Бугарија и Бразил. Разновидното портфолио на компанијата вклучува соларни панели и системи за складирање батерии, што претставува особен придонес во глобалните синџири на снабдување.

Успехот на Mega S Power се припишува на нејзината врвна технологија која содржи 197 внатрешно развиени меѓународни патенти во 211 оперативни единици, но истовремено и на понудата на сеопфатни услуги, кои вклучуваат финансирање, советување и инженерство (EPC), позиционирајќи ја компанијата како давател на целокупни решенија во секторот на зелена енергија.

Д-р Ранџит Најак, Извршен директор на Mega S Power, кој е вешт претприемач и трансформациски лидер со длабоко и стратешко разбирање на глобалниот енергетски пазар, вели дека тимот со високи перформанси кој е посветен на иновациите и стратешкиот раст е уште една силна алка која придонесува кон исклучителните резултати.

„Водечкиот тим, кој ги вклучува оперативниот директор Аврахам Леви, финансискиот директор Гал Белхасен, стратешкиот директор Јосеф Грос и директорот за инженерство и технологија Џозеф Абинум Де Лима, игра клучна улога во обезбедувањето континуиран успех на Mega S Power како најиновативна зелена компанија. Уверен сум дека со новите канцеларии во Северна Македонија, кои претставуваат стратешко проширување за Mega S Power, можеме да очекуваме уште подобри резултати и ефикасни зелени решенија.“

Новоформираните канцеларии кои ќе бидат центар за операциите на Mega S Power во регионот се лоцирани во трговскиот центар Соравија во Скопје. Сите детали за компанијата се достапни на веб страницата www.megaspower.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП