27 април, 2024
ПочетнаСВЕТБОЛНИЦАТА ВО ГАЗА ИЗГЛЕДА КАКО МЕСТО НА ТОТАЛЕН МАСАКР! Луѓето умираат чекајќи

БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА ИЗГЛЕДА КАКО МЕСТО НА ТОТАЛЕН МАСАКР! Луѓето умираат чекајќи

Израелската армија ги засили операциите против исламистичката група Хамас во Појасот Газа.

Вработена во Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) го опиша она што го видела во болницата Ал-Акса во Газа како сцена на „тотален масакр“ каде што луѓето, кои чекаат медицинска помош, умираат.

Џема Конел изјави за Би-Би-Си дека има многу повредени луѓе со „исклучително лоши рани, но кои не се лекуваат бидејќи има толку многу луѓе пред нив во редот за операција и болницата е апсолутно преоптоварена. Трагично, видов девет годишно момче со катастрофална повреда на главата кое починало“.

Израелската војска ги засили операциите против исламистичката група Хамас во Појасот Газа, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на обиколката на силите во затворениот крајбрежен појас изјави дека Израел „ќе ја интензивира борбата во наредните денови“.

Според Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, во израелската воена операција досега се убиени повеќе од 20.600 луѓе. Офанзивата на израелската армија за елиминирање на Хамас од Газа беше поттикната од најтешкиот масакр во историјата на Израел, извршен од терористи од Хамас и други групи на 7 октомври. Загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници, од кои некои подоцна беа ослободени. За време на израелската офанзива беа уништени големи делови од Газа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП