3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАрендс од Burberry се сели во Apple

Арендс од Burberry се сели во Apple

angela

Долгогодишниот Извршен директор на „Burberry Group“, Анџела Арендс се пресели од англиската улица „Бонд“  во Силиконската долина, откако стана познато дека ќе ја напушти групата за луксузни стоки, за да почне со работа во „Apple“.

Од компанијата најавија дека Арендс ќе си замине до средината на 2014-та година, по што главниот трговски директор Кристофер Бејли ќе ја превземе и нејзината улога во компанијата. Тој , исто така, ќе се приклучи и во одборот на директори.

Од „Apple“ најавија дека Арендс ќе ја заземе функцијата нов постар заменик претседател на трговијата на мало и онлајн продавницата на „Apple“.

Акциите на „Burberry“ паднаа за 4 проценти, а од компанијата се обидоа да ги смират акционерите со тоа што објавија дека стратегијата на компанијата нема да се промени, откако Бејли ќе стане извршен директор и дека компанијата е задоволна од резултатите во Кина.

Во соопштението Арендс вели: „Burberry“ е во сјајна форма. Убедена сум дека Кристофер ќе продолжи да го води „Burberry“ кон нови височини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП