6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот „Toyota Land Cruiser“ се продава како алва, за 30 минути продадени...

Новиот „Toyota Land Cruiser“ се продава како алва, за 30 минути продадени 1.000 примероци

Интересот за „Toyota Land Cruiser“, модел од 2024-та година, е огромен. Првите 1.000 примероци од моделот пуштени на германскиот пазар се распродадени за само 30 минути, се пофалија од јапонската компанија.

Самиот теренец беше прикажан на заинтересираните германски клиенти на 20-ти септември, но почетокот на прифаќањето на барањата започна на 21-ви декември во 8 часот наутро. Резервациите беа затворени 30 минути подоцна бидејќи првата серија беше веќе распродадена. А останатите што сакаат ќе треба да се пријават на листата на чекање, каде што веројатно ќе останат доста долго.

Во Германија се достапни три нивоа на опременост за „Land Cruiser“ – „Executive“, „Tec Edition“ и „First Edition“. Компанијата не прецизираше кои се првите 1.000 примероци, но претходно беше објавено дека производството на „Land Cruiser First Edition“ ќе биде ограничено на 3.000 автомобили за цела Европа.

Европската верзија на моделот „Land Cruiser“ за 2024-та година се базира на глобалната GA-F платформа на „Toyota“, за која се тврди дека е 50% поцврста од архитектурата на претходната генерација. Првично, моделот за Стариот континент ќе се нуди само со 2,8-литарски турбодизел мотор со моќност од 201 ks, поврзан со 8-брзински автоматски менувач.

Во 2025-та година ќе се појави и „мек“ хибриден дизел со стартер-генератор од 48 волти. Сите европски верзии се богато опремени, но „Tec Edition“ и „First Edition“ добиваат неколку дополнителни функции, вклучувајќи ја новата предна лента против превртување на „Toyota“, алуминиумски тркала од 20 инчи, дигитален ретровизор, премиум аудио систем JBL со 14 звучници и head-up дисплеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП