6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриена вистината за храната што многумина ја сакаат: Не сте ни свесни...

Откриена вистината за храната што многумина ја сакаат: Не сте ни свесни што му прави на вашето тело

Само 50 грама кикирики можат да ви донесат многу придобивки за целото тело.

Кикириките потекнуваат од Јужна Америка и припаѓаат на семејството на мешунки.

Имаат одличен вкус и се богати со масти, протеини и други здрави хранливи материи. Кикириките се добар извор на протеини и имаат висока содржина на есенцијални витамини, минерали и растителни соединенија.

Придобивките од кикиритките се различни. Сепак, поради високата содржина на масти и калории во кикиритките, не треба да претерувате.

За што се добри кикириките?

Добри се за здравјето на срцето

Меѓу придобивките за човековото здравје, се чини дека оваа е најпозната. Благодарение на високото ниво на мононезаситени и полинезаситени масти, кикириките можат да влијаат на здравјето и виталноста на срцето.

Поточно, олеинската киселина во кикириките може да го намали лошиот холестерол (ЛДЛ) и да го зголеми добриот холестерол (ХДЛ) во крвта.

Поради оваа причина, позитивно влијае на превенцијата од мозочен удар и коронарни заболувања преку зголемување на здравите липиди во крвта.

Ја зајакнува енергијата

Една од најзабележливите придобивки од кикириките за здравјето на луѓето е зголемувањето на енергијата. Тоа е сосема разбирливо, бидејќи кикириките содржат многу витамини и минерали, антиоксиданси и хранливи материи, кои сами по себе се одлични извори на енергија.

Спречува камења во жолчката

Камењата во жолчката се проценува дека влијаат помеѓу 10 и 25 проценти од возрасните ширум светот. Честото консумирање кикирики може значително да го намали ризикот од појава на камења во жолчката. Според студиите, само 30 грама кикирики дневно може да помогне да се намали ризикот од оваа појава до 25 проценти.

Ја подобрува меморијата

Кикириките често се нарекуваат „храна за мозокот“, бидејќи содржат витамин Б3, кој е одличен за функцијата на мозокот, како и за подобрување на меморијата. Содржи и флавоноид наречен ресвератрол, кој може да го подобри протокот на крв во мозокот за околу 30 проценти.

Се бори со депресијата

Серотонинот е важна хемикалија на мозокот која помага во регулирањето на расположението. Несоодветното лачење на оваа хемикалија резултира со депресија. За среќа, аминокиселината триптофан во кикириките може да помогне во ослободувањето на серотонин, поради што кикириките можат да влијаат да се „избегне“ депресијата.

Спречува Алцхајмерова болест

Многу истражувања покажаа дека консумирањето храна богата со ниацин (како кикиритките) може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест за околу 70 проценти. Само четвртина шолја од овој плод претставува четвртина од дневниот внес на ниацин.

Спречува опаѓање на косата

Меѓу придобивките за убавина на кикиритките е и спречувањето на губење на косата. Благодарение на витаминот Ц, кој е корисен за зголемување на производството на колаген, кикириките можат да го спречат опаѓањето на косата. Исто така, ларгининот во кикириките е состојка што се користи во многу третмани за ќелавост, додека омега 3 масните киселини можат да ги зајакнат фоликулите на косата и целокупниот раст на косата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП