27 април, 2024
ПочетнаСВЕТДрама во Белград: Потона сплавот Картел, тинејџери скокнаа во водата и пливаа...

Драма во Белград: Потона сплавот Картел, тинејџери скокнаа во водата и пливаа до брегот

Познатиот сплав Картел во Нов Белград потона синоќа, ноќта меѓу саботата и неделата, нешто по полноќ, во време кога на него имаше голем број млади луѓе кои дојдоа да го гледаат концертот на сараевскиот рапер Цунами, пишува Блиц.

Како што може да се види на видеата објавени на профилот на Инстаграм „moj_beo_grad_“, приодот до сплавот целосно потонал, а гостите се обиделе да се спасат скокајќи во реката Сава и пливајќи кон брегот.

Објавени се бројни драматични видеа од местото на несреќата. На едната се гледа како спасувачите со чамци ги превезувале гостите на сплавот „Картел“ до брегот.

Како што дознава Блиц, на полицијата и биле потребни седум минути да стигне до сплавот „Картел“, а на терен биле сите расположливи спасувачки единици на МВР на Србија, како и екипи за итна помош.

Како што дознава „Блиц“, на терен биле 25 пожарникари од Вождовац, Звездара и Нови Белград со шест возила и специјалистичка екипа за спасување на вода. Пристигнувајќи на местото на несреќата утврдиле дека сплавот „Картел“ тоне и евакуирани се 30-тина лица кои се наоѓале на самиот сплав.

Лука Чаушиќ, началник на Одделот за вонредни ситуации на МВР на Србија, за „Блиц“ вели дека речните струи се силни и дека полицијата ја пребарува секоја педа, но дека се уште не се знае дали има жртви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП