28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПобрз, полесен, помоќен: „McLaren GTS“ (ФОТО)

Побрз, полесен, помоќен: „McLaren GTS“ (ФОТО)

Британскиот бренд „McLaren“ го претстави редизајнираниот модел „GT“, додавајќи уште една буква на неговото име.

Новиот „McLaren GTS“ е направен на истата карбонска основа како и неговиот претходник – „MonoCell II-T“.

Со оглед на тоа што во суштина се работи за редизајниран „GT“ модел, GTS го има истиот 4-литарски битурбо V8 мотор.

Она што најмногу ги прави различни е надворешноста, па така „GTS“ има нов преден браник и поголеми отвори одзади, а моторот е малку подобрен, па наместо 620 ks, испорачува 635 ks со 630 Nm максимален вртежен момент.

Погонот е на задните тркала, а има и седумстепен автоматски менувач со две спојки и три режими на работа – „Comfort“, „Sport“ и „Track“.

„McLaren GTS“ стигнува до „стотка“ за 3,2 секунди, како што велат Британците, а најголемата можна брзина е 327 km/h според декларацијата. Во продажба би требало да се појави во првата половина на 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП