2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто се купува најмногу во ЕУ: „VW“ е лидер, а по него...

Што се купува најмногу во ЕУ: „VW“ е лидер, а по него се „Toyota“ и „Renault“

Според најновите податоци на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), продажбата на нови автомобили во Европската унија е зголемена за речиси 16% во последните 11 месеци.

Новите податоци потврдуваат пораст од 15,7% на пазарот на автомобили во Европската унија во последните 11 месеци во однос на истиот период лани, бидејќи во периодот јануари-ноември 2023-та година се продадени 9.681.752 автомобили.

Од речиси 10 милиони продадени возила во 2023-та година, 3,5 милиони биле на бензин, 3,23 милиони биле хибриди и 1,37 милиони електрични. Бензинските автомобили и натаму се најпопуларни со учество од над 35%, додека популарноста на дизелите е во постојан пад.

Само во ноември во земјите членки на ЕУ се продадени 885.581 нови автомобили, што значи зголемување од 6,7% во однос на истиот месец лани. Зголемувањето на регистрациите на електрични автомобили е 16,4%, односно се испорачани вкупно 144.378 единици.

Неколку пазари придонесоа за овој раст со двоцифрени и трицифрени процентуални зголемувања, особено Белгија (+150,2%), која сега е петти најголем пазар по обем. Сепак, продажбата на електрични автомобили во Германија падна за 22,5%, а во наредниот период ќе падне уште повеќе, бидејќи Германците ги укинаа субвенциите.

Гледано по земји, Италија има најголем раст во периодот јануари-ноември, со раст од 20% во однос на истиот период во 2022-ра година. Во позитива беа и Шпанија (+17,3%), Франција (+16,2%), Романија (+14%) и Германија (+11,4%).

Ако ја погледнеме продажбата по брендови, „Volkswagen“ продолжува да ја предводи најпродаваната листа како единствен со повеќе од милион испораки. Следуваат „Toyota“ и „Renault“ кои се вратија на третата позиција. Од електричните марки, „Tesla“ е единствената со огромен плус (+115%) во споредба со 2022-ра. Американскиот производител испорача речиси 250.000 возила на пазарот во ЕУ за 11 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП