18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна „Вселенската авантура“ на Бимилк и Рамстор Мол

Започна „Вселенската авантура“ на Бимилк и Рамстор Мол

bimilk

Стартуваше големата Вселенска Авантура на Бимилк и ТЦ Рамстор, наменета за сите деца на возраст од 6 до 12 години кои на настанот ќе имаат прилика да се забавуваат, истовремено учејќи за вселената и откривајќи ги тајните на космосот.

Настанот кој за прв пат се организира во нашата земја е поделен на три дела. Во првиот дел децата ќе имаат можност да учат за првиот човек кој стапнал на Месечината и да видат реплика од неговиот вселенски костим. Во вториот дел од настанот децата ќе носат роботски очила запознавајќи се со глетката на еден робот и ќе разговараат со нивниот водич за вселената. Третиот дел од настанот ќе им овозможи на децата да носат вселенски шлем и да се забавуваат во лунарниот дел од поставката.

За време на настанот сите деца ќе можат да се вклучат во наградната игра за најдобра астронаутска ракета изработена од пакување од Битолско млеко со десет витамини од Бимилк. За најдобрите изработки обезбедени се вредни награди: Xbox kinect, iPad mini и телескоп. Со доделувањето на наградите на 31-ви октомври ќе се означи и крајот на Вселенската Авантура.

„Нашата цел е на интересен начин да ги приближиме здравите навики за редовно конзумирање на витаминско млеко кај најмладите а воедно да ги едуцираме  на еден невообичаен, интерактивен и пред се забавен начин. За време на Вселенската Авантура, децата ќе имаат прилика да се забавуваат, да учат за достигнувањата на човекот во откривањето на тајните на космосот, да се натпреваруваат и освојуваат вредни награди. Битолското млеко со десет витамини е првото трајно млеко во Македонија препорачано од здружението на педијатри, производ кој е дизајниран да одговори на потребите на децата за правилен раст и развој. Оттука со радост се вклучуваме во сите настани во чиј фокус е доброто на децата.“ –Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

bimilk 3

„Овој настан е уште еден начин да обезбедиме повеќе и поинтересни содржини на посетителите и потрошувачите на Рамстор Мол. Целта на настанот е да овозможиме добра забава за најмладите воедно едуцирајќи ги за темата која одсекогаш ја предизвикува детската љубопитност и ја развива детската креативност и имагинација – запознавањето на космосот.“ – Џеладин Џули, директор за развој и инвестиции во ТЦ Рамстор.

Млекара АД Битола е најголемата млекарница во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот – Danube Foods Group.

Трговскиот центар Рамстор веќе петта година е присутен на македонскиот пазар и препознатлив по големата понуда на реномирани светски брендови. До крајот на 2013 година синџирот на супермаркети Рамстор се планира да вклучи 15 продажни локации низ целата земја, со што брендот станува најбрзорастечки ланец на супермаркети во земјата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП