29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрограмата "Мајкрософт Партнери во Учењето" е двигател на образовниот процес

Програмата “Мајкрософт Партнери во Учењето” е двигател на образовниот процес

ivo1

Со цел да се предложат современи модели кои се применливи во образовните процеси во училиштата, како и да се изнајдат конкретни предлози како да се прошири нивната употреба и применливост во наставата ширум земјата, Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски,  учествуваше на информативната средба во Microsoft  во Скопје.

На состанокот беа презентирани неколку образовни иновативни проекти и платформи на Microsoft, кои се дел од широката интернационална платформа на Microsoft Партнери во Учењето, а која активно придонесува за зголемување на степенот на квалитетот на користење на ИКТ во наставата. Станува збор  за 3 годишна успешна соработка со  Microsoft кој се докажа како сериозен партнер и двигател на промени со веќе светски признати иновативни практики.

На сесијата беше претставена апликацијата  OneNote , како единствен и лесен начин да се развијат и организираат наставните активности, како и бесплатната и отворена платформа Office365, како виртуелен работен модел кој е корисен за македонското образование со можности за заштеда.

На оваа средба, наставници и професори од основни и средни училишта во Република Македонија ги презентираа и проектите со кои преку образовни видеа и други содржини се олеснува процесот на наобразба на учениците, со апел да се градат капацитети, да се збогатат дигиталните образовни ресурси преку соработка со високо образовни институции и институционалната поддршка од МОН и МИОА.

Како што појасни менаџерот на академските програми на Microsoft за Македонија и Косово, Влора Адеми, сите овие проектни активности се со цел унапредување на квалитетот на образованието, способностите и вештините на 21 век, и ефикасното користење на ИКТ како основа за развој на конкурентно информатичко општество.

Генералниот директор на Microsoft, Стефан Плавјански, напомена дека во време на економска криза владите мора да наоѓат креативни пристапи како да ги стимулираат своите економии,  а инвестирањето во ИКТ е еден од најдобрите начини како да се поттикне економскиот развој и да се зголеми конкурентноста на работната сила со креирање на работни места. Microsoft им помага на земјите ширум светот да ги постигнат овие важни цели.

Министерот Ивановски од своја страна напомена дека Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука настојуваат да преземат  конкретни чекори почнувајќи од законски измени, како и заеднички активности со цел подобрување и унапредување на образовните процеси во ИКТ сферата. Ова информација и други идни планови на ова тема министерот ќе ги сподели со останатите наставници на следниот онајлн  вебинар во организација на Microsoft.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП