20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Планот на Грција е лош

ЕЦБ: Планот на Грција е лош

grcija8

Во Европската централна банка (ЕЦБ) оценуваат дека планот на Грција да ги продолжи роковите на доспевање на долгот е лош.

Грција денес го изнесе планот за продолжување на рокот на отплата на обврзници вредни 4,5 милијарди евра со цел да ја пополни дупката во буџетот, поради која владее загриженост дека на Атина ќе и биде потребен нов пакет помош.

Членот на извршниот одбор на ЕЦБ Јерг Асмусен порача дека „нема шанси“ продолжувањето на роковите за отплата на обврзниците да ја пополни буџетската дупка, пренесува агенцијата Франс прес.

„Нема шанси фискалниот јаз да биде пополнет со продолжувањето на рокот за отплата на записите“, изјави тој, повикувајќи ја грчката влада да пронајде алтернативни начини за покривање на дефицитот, како што е програмата за приватизација.

Грчкиот министер за финансии, Јанис Стурнарас, изјави дека денес Грција ќе ги продолжи роковите на доспевање на обврзниците вредни 4,5 милијарди евра, во обид да ја ублажи загриженоста дека на Атина ќе и биде потребна нова меѓународна помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП