6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоследниот „Chevrolet Camaro“ излезе од лентата за склопување

Последниот „Chevrolet Camaro“ излезе од лентата за склопување

„Chevrolet“ официјално го прекина производството на моделот „Camaro“, а не знаеме дали и во каква форма ќе добие наследник.

Претходно оваа недела специјализираните медиуми објавија дека последниот „Chevrolet Camaro“ ќе излезе од производната лента на 14-ти декември, а сега добивме потврда дека тоа се случило.

„Моделот „Camaro“ е производ на страста. Развивме голема база на фанови ширум светот, а шестата генерација, конкретно, претставуваше спортски дух и смиреност“, изјавија од компанијата за веб-страницата „The Drive“.

Овој модел, инаку, траеше повеќе од 60 години, но се чини дека никогаш не бил меѓу првите ѕвезди на матичната компанија „GM“. Иако се зборуваше дека во моментов немаат планиран наследник, „GM“ сепак навести дека ова не е крајот на приказната за „Camaro“.

Продажбата на овој модел порасна за 110% до вториот квартал на 2023-та година, бидејќи купувачите сакаа да го добијат сега „пензионираниот“ автомобил додека сè уште има време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП