13 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЈужнокорејскиот гигант се подготвува за „iPhone“ и „iPad“ на преклопување

Јужнокорејскиот гигант се подготвува за „iPhone“ и „iPad“ на преклопување

„Samsung Display“ се подготвува за моментот кога „Apple“ планира да имплементира флексибилни дисплеи на уредите „iPhone“ и „iPad“.

Еден од најголемите производители на компоненти за „Apple“ прави внатрешни промени и подготовки, со цел да биде подготвен за нарачките на „Apple“ за флексибилни дисплеи за „iPhone“ и „iPad“, пишува „The Elec“.

Новиот извештај покажува дека „Samsung Display“ се реорганизирал со фокус на задоволување на потребите на „Apple“ кога станува збор за флексибилни уреди. Исто така, се вели дека јужнокорејската компанија веќе е пред конкуренцијата кога станува збор за производство на висококвалитетни „OLED“ панели за телефони.

Извештајот исто така посочува дека „Samsung“ бара нови можности за приходи и верува дека уредите на преклопување се можност за тоа.

Конечно, во извештајот се споменува дека „Samsung Display“ и „LG Display“ работат на флексибилен уред од 20,25 инчи за сè уште ненајавен производ на „Apple“, кој би можел да биде „iPad“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП