3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИсланд: Силна вулканска ерупција во близина на Рејкјавик, лава избива високо и...

Исланд: Силна вулканска ерупција во близина на Рејкјавик, лава избива високо и силно

Неколку недели по интензивните земјотреси, вулкан се разбуди во близина на главниот град на Исланд.

По неколку недели интензивни земјотреси, се случи вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд.

Околу 4.000 луѓе беа евакуирани од рибарскиот град Гриндавик, кога беше затворена и блиската геотермална бања Blue Lagoon.

Ерупцијата започна северно од градот во 22:17 часот по локално време, соопшти исландската метеоролошка служба.

Од крајот на октомври интензивни земјотреси го погодија регионот околу главниот град Рејкјавик.

Од метеоролошката служба велат дека ерупцијата започнала на четири километри северно од Гриндавик и се движи кон градот.

Сликите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како лава избива од вулканот само еден час по снимениот земјотрес.

Ерупцијата може да се види и од Рејкјавик, кој е на околу 42 километри североисточно од Гриндавик.

Еден локален жител изјавил за Би-Би-Си дека половина од небото во правец на градот било „осветлен во црвено“ од ерупцијата, бидејќи чад се издигал низ воздухот.

Полицијата ги предупреди луѓето да се држат настрана од областа.

Должината на пукнатината во вулканот е околу 3,5 километри, а лавата тече со брзина од 100 до 200 кубни метри во секунда, соопшти метеоролошката служба, додавајќи дека тоа е неколку пати поголема брзина во споредба со претходните ерупции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП