4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе е лесно да поправаш коли, ама ќарот е голем – еве...

Не е лесно да поправаш коли, ама ќарот е голем – еве колку заработуваат македонските автомеханичари

Автомеханичарите во Македонија се една од најплатените професии, кога станува збор за класичните занаети. Во 2023 година, како што дознаваме, просечната нето плата на автомеханичарите изнесувала скоро 50.000 денари, што е за околу 14.000 денари повеќе од просечната плата во земјава.

За разлика од Србија, каде што автомеханичарите имаат плата од околу 180.000 динари (90.000 денари), во Македонија нема официјални податоци за тоа колку автомеханичарите заработуваат од оваа професија за време на слободното време, односно во сопствените гаражи. Но, според некои проценки, тоа може да биде и до 40.000 денари дополнително на месечно ниво.

Еден од автомеханичарите кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен, ни кажа дека тој добива плата од 50.000 денари во еден од најголемите автомобилски сервиси во Скопје, каде што работи од понеделник до петок. Покрај тоа, тој и подработува приватно во својата гаража во попладневните часови и викендите.

„Имам многу клиенти кои ми доаѓаат со разни проблеми на своите автомобили. Се занимавам со сè што е поврзано со автомобили. За секоја услуга имам различна цена, во зависност од тоа колку е комплицирана и колку време ми треба. На месечно ниво, од приватните клиенти заработувам околу 40.000 денари”, ни призна нашиот соговорник.

Тој додаде дека за да се биде успешен автомеханичар, треба да се има добра репутација, да се користат квалитетни делови и алати, и да се следат новите технологии и трендови во автомобилската индустрија.

„Автомобилите се сè пософистицирани и компјутеризирани, па човек треба постојано да учи и да се адаптира на новите системи и софтвери. Исто така, треба да се има добар однос со клиентите, да се биде искрен, професионален и педантен. Клиентите ценат квалитетната и брза услуга, и ако се задоволни, ќе те препорачаат на други”, рече тој.

Автомеханичарите во Македонија се соочуваат и со некои предизвици, како што се нелојалната конкуренција, несигурноста на пазарот, недостаток на квалификуван кадар и високите трошоци за обука и опрема. 

Но, тие се оптимиси и веруваат дека автомобилската бранша ќе продолжи да расте и да им нуди добри можности за заработка и развој.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП