4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛукоил бара партнер во Кина

Лукоил бара партнер во Кина

lukoil

Рускиот нафтен гигант Лукоил денеска најави дека е во потрага по партнери во Кина, бидејќи сака да го прошири бизнисот во Источна Азија.

Директорот на Лукоил, Вагит Алекперов најави дека оваа недела ќе разговараат за соработка со претставниците на кинеската државна нафтена компанија.

Лукоил има заеднички компании во странство со најголемите нафтени компании во Кина – Петрочајна и Синопек.

Вториот по големина руски производител на нафта сака да го зголеми извозот на сурова нафта и производи во Кина, но исто така и на другите пазари од Источна Азија, рече Алекперов.

„Нашата главна цел е да се зголеми извозот на нашата нафта и производи во Кина“, изјави Алекперов пред новинарите, додавајќи дека компанијата се уште нема детален план.

Енергетскиот пазар во Кина се смета за најбрзо растечки во светот и американските податоци покажуваат дека земјата во септември ја надминала Америка и станала најголем светски увозник на нафта.

Зголемувањето на увозот на нафта е резултат на се поголемата потрошувачка која се должи на се поголемиот број на автомобили во Кина, како и на силниот економски раст.

Алекперов рече дека Лукоил е заинтересиран и поблиску да соработува со кинеските партнери во странство.

Директор на Лукоил, кој оваа година е на петтото место во листата на Форбс на најбогатите руски бизнисмен, рече дека сака акциите на Лукоил кои се тргуваат на Лондонската берза, да бидат понудени и на берзата во Хонг Конг. Но ваквиот чекор засега е невозможен поради регулаторните препреки.

„Излегувањето на пазарот во Хонг Конг за нас ќе биде стратегиски чекор”, рече Алекперов, кој додаде дека тоа е за Лукоил „ефикасен начин“ за да влезе на кинескиот пазар.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП