27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти во Реал до пензија?

Анчелоти во Реал до пензија?

karloo

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека би сакал својата кариера да ја заврши во „кралскиот клуб“.

„Не е време сега да говорам за тоа. Можам само да кажам дека по завршувањето со работата во Реал ќе размислувам за се, но мислам дека ќе се повлечам“, изјавил Анчелот за англиските медиуми.

„Многумина ме прашуваат дали постои можност да ја тренирам Рома или репрезентацијата на Италија во иднина. Не знам, можеби ќе одлучам да се престанам да работам по Реал“, вели Анчелоти.

Анчелоти играчката кариера ја помина во Парма, Рома и Милан, а во тренерски води заплови во 1995-та година. Покрај Реал тој ги тренираше Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челзи и ПСЖ.

Ја освои Премиер лигата со Челзи во својата прва сезона на „Стемфорд Бриџ“, пред да биде отпуштен во мај 2011-та година, иако сезоната ја заврши на второто место.

Искусниот стратег два пати дојде до титулата во Лигата на шампионите со Милан и минатата сезона го предводеше ПСЖ до шампионскиот пехар во Франција, кој го освоија по 19 години пауза.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП